Поврзете се со нас

Свет

Супер лигата доби ново име и формат, бара признавање од УЕФА и ФИФА

Објавено

на

Контроверзната Супер лига беше блокирана од речиси сите клубови уште по објавувањето на иницијативата, во меѓувреме беше променет најавениот формат, за денеска да биде промовирана со ново име и формат со четири различни нивоа на натпреварување.

Супер лигата ќе се вика „Јунифај лига“ (Unify), го добила името според најавената платформа за бесплатен стриминг, а компанијата која стои зад неа како промотор побарала признавање од страна на УЕФА и ФИФА.

Најголемата промена е што новото натпреварување ги исполнува условите на УЕФА и ФИФА во однос на начинот на квалификации и учество, нешто што било барано и од потенцијалните учесници, што значи дека и сите клубови ќе имаат можност за место во лигата.

Во новиот формат ќе има четири нивоа, односно лиги, во првото ќе учествуваат 16 екипи поделени во две групи, кои по натпреварите на домашен и гостински терен ќе се борат за четвртфинале, а најдобрите ќе обезбедат пласман на фајнл-фор завршница.

Во сите четири нивоа ќе учествуваат вкупно 96 клубови, пласман ќе се обезбедува преку домашните лиги, а ќе има можност и за напредок во повисоко ниво.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни