Поврзете се со нас

Англија

Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед во две ситуации имаше предност од два гола на гостувањето кај Галатасарај, но освои само еден бод од оваа средба во Лигата на шампионите.

Тоа дефинитивно ја искомпликува ситуацијата за премиерлигашот, кој сега во последното коло треба да го победи Баерн и да очекува реми на вториот дуел од групата.

Статистичарите на ОПТА го ангажираа супер компјутерот за да пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале, е резултатите не одат во прилог на Ерик тен Хаг и неговите играчи.

Според пресметката, Јунајтед има само 6 проценти шанса да обезбеди нокаут фаза во ЛШ, а за да биде полошо, постојат 66,3 проценти шанса оваа екипа целосно да остане без европска пролет, односно да го освои последното место во групата.

ФК Копенхаген е домаќин на Галатасарај во нивниот меѓусебен дуел во последното коло и има подобра гол-разлика, па според ОПТА шансите на данскиот клуб да обезбеди осминафинале се 55,2 проценти, додека шансите на турскиот клуб се 38.7 проценти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни