Супер компјутер предвиде кој тим ќе ја освои Лигата на шампиони (Фото)

cetvrt-ls

УЕФА внесе една промена во ждрепката за четвртфиналните дуели во Лигата на шампионите во споредба со минатите години, бидејќи наместо само четвртфиналните парови, утре во Нион ќе биде одреден целиот костур според кој ќе се знае каков ќе биде распоредот на сите осум преостанати тима.

Во претходните години, највисокото тело во европскиот фудбал традиционално извршуваше ждрепки до полуфиналето, но сега претставниците на клубовите ќе бидат ослободени од дополнителни посети на седиштето на УЕФА поради тоа што уште утре ќе се знае кој со кого може да вкрсти во потенцијално полуфинале или финале.

И додека цела спортска јавност со нетрпение го чека утрешното пладневно извлекување во Нион, дел од играчите на тимовите кои се најдоа во четвртфиналето веќе открија кого сакаат да избегнат во оваа рунда, но сепак во англиската јавност посебно внимание привлече и студијата која ја направи супер-компјутер кој ја зема во предвид формата играчите и ширината на составите.

Супер компјутерот највеќе шанси им дава на два англиски премиерлигаши, посочувајќи го Манчестер Сити како главен фаворит за титулата во најелитното натпреварување, следен од Ливерпул кој според проценките има 22-постотни шанси да игра во ново финале. Во ова подредување трета е Барселона, додека на четвртото место е Јувентус која направи епски пресврт против Атлетико Мадрид пред неколку дена. Најголемото изненадување Ајакс е петти фаворит за титулата, следат Тотенхем и Јунајтед, додека најмалку шанси според супер компјутерот има Порто.

uefa-super

Facebook Коментари