Поврзете се со нас

Англија

Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)

Објавено

на

Фото: twitter.com/LFC

Шест кола се одиграа во Премиер лигата, шест рунди по кои најдобар е Манчестер Сити со максимален број на освоени бодови по што следуваат Ливерпул, најпријатното изненадување Брајтон, Тотенхем и Арсенал кои ја заокружуваат таа прва петка.

Најголемо разочарување е Челси кој со 5 поени е дури на 14 позиција што дефинитивно е најава за нова тешка кампања на „сините“. Сепак има уште многу да се игра, остануваат уште 32 кола и многу работи можат да се променат, но ако се работи за самиот врв таму нема да има некое драстично поместување ако му се верува на суперкомпјутерот кој беше искористен за да даде прогноза за завршната табела.

Сити и Ливерпул ќе си задржат сегашните позиции, Арсенал ќе направи мал скок и ќе заврши како трет, додека Њукасл ќе се воздигне и ќе дојде до четвртото место.

Според ова Тотенхем и Јунајтед ќе бидат петти и шести, а од лигата ќе испаднат Барнли, Лутон и Шефилд Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни