Поврзете се со нас

Англија

Супер компјутер ја предвиде завршната табела во ПЛ: Јунајтед нема да игра во ЛШ, Тотенхем и Арсенал ќе останат без настап во Европа

Објавено

на

На 17 јуни се враќа фудбалот во Премиер лигата и тоа со мечевите Астон Вила-Шефилд Јунајтед и Манчестер Сити-Арсенал со што сите екипи во елитното англиски друштво ќе дојдат до бројката од 29. натпревари во сезоната 2019/2020.

Севкупно гледано до крајот треба да се одиграат 92 средби што значи не очекуваат многу возбудувања и одговори на интересни прашања како тоа кој ќе обезбеди пласман во ЛШ, ЛЕ, но и кој ќе испадне од Премиер лигата.

Меѓутоа одговорите на тие прашање можат уште отсега да се знаат ако му се верува на „Сан“ кој заедно со „Спортрадар“ и супер компјутер ја предвиде завршната табела во ПЛ.

Ливерпул според нив ќе биде шампион, ама нема да ја мине границата од 100 поени. Втор ќе биде Манчестер Сити, трет Лестер, додека пак четвртата позиција, последното место кое води во ЛШ ќе го заземе Челси.

Ова значи дека Манчестер Јунајтед ќе остане без настап во елитното натпреварување, поточно ќе мора одново да игра во ЛШ, додека пак Тотенхем и Арсенал нема да стигнат ниту до ЛЕ преку шампионатот со оглед на тоа што ќе завршат на 8 и 9 позиција на табелата.

Во втората лига пак ќе одат Норич, Астон Вила и Борнмут.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни