Поврзете се со нас

Италија

Супер гол на Елмас на дебито за „биковите“, Торино не издржа на „Ренато Дал’Ара“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас дебитираше со гол за Торино во Серија А и тоа на пресметката со Болоња.

Офанзивецот доби шанса во второто полувреме и му беа потребни само три минути да се запише во листата на стрелците и тоа откако изведе магија во казнениот простор, прво се ослободи од еден домашен играч и потоа рутински погоди за водство од 2-1.

Меѓутоа „биковите“ не издржаа и во 70 минута Болоња израмни на 2-2, резултат кој беше активен на семафорот до 90 минута кога Бираги си даде комичен автогол.

Торино со 28 бода се наоѓа на 11 место на табелата.

ТУКА погледнете ги најважните моменти од пресметката на „Ренато Дал’Ара“

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни