Поврзете се со нас

Англија

Супер ефикасен меч во Лондон: Ливерпул броеше до шест против Тотенхем (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/premierleague

Актуелниот лидер и во моментов прв фаворит за титулата во Премиер лигата, Ливерпул успеа да ги освои трите бода на вечерашното гостување во Лондон кај Тотенхем.

Гостите од „Енфилд Роуд“ славеа со 6-3 во средбата во која сигурно можеа да дадат уште некој гол и до врв да ја наполнат мрежата на домаќините кои на крајот можат да бидат задоволно што едноставно го загубија ова соочување со „само“ три разлика.

Избраниците на Слот доминираа, првиот дел го завршија со водство од 3-1 благодарение на Дијаз, МекАлистер и Собослаи (Медисон стрелаше за петлите).

Салах во второто полувреме беа двоен стрелец, а и асистент при погодокот на Дијаз. На другата страна пак во листата се запишаа Кулушевски и Соланки.

Ливерпул со 39 бода е на врвот на табелата со плус четири во одбос на второпласираниот Челси кој има и одиграно еден меч повеќе од лидерот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни