Поврзете се со нас

Лига Европа

Супер дуел на „тешкашите“ во осминафиналето на ЛЕ, Мурињо ќе се подготвува за Адеми и Ристовски (ФОТО)

Објавено

на

Во Нион се одржа ждрепката за осминафиналната фаза во Лига Европа, рунда која дефинитивно ќе биде одбележана од битката на великаните Манчестер Јунајтед и Милан.

Тоа се два тима со многу успеси во минатото, но и два тима кои веќе одредено време се обидуваат да се вратат на старите победнички патеки, па дефинитивно ќе биде возбудливо и интересно на пресметките во Манчестер и Милано закажани за 11 и 18 март.

Македонските фудбалски репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски со нивниот Динамо Загреб ќе ги одмерат силите против премиерлигашот Тотенхем, додека пак Арсена оди на соочување со Олимпијакос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни