Поврзете се со нас

Англија

Супер дерби: Ливерпул и Јунајтед ги поделија бодовите во драмата на „Енфилд Роуд“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: hx.com/ManUtd

Ливерпул и Манчестер Јунајтед одиграа без победник 2-2 во дерби натпреварот од 20. коло во Премиер лигата.

Иако според формата и резултатите домашниот тим важеше за апсолутен фаворит на хартија, уште еднаш се потврди дека овие средби секогаш се посебни и едноставно местото на табелата нема значање затоа што се работи за пресметки кои носат посебна мотивација, желба за игра и докажување.

Немаше промени на резултатот по првиот дел, ама затоа во второто полувреме бевме сведоци на вистинска драма, многу возбудувања, шанси на двете страни и можеби севкупно гледано ремиот е најреален резултат.

Мартинез на асистенција на Фернадес стрелаше за водство на гостите во 52 минута, меѓутоа таа радост кратко траеше затоа што во 59 минута Гакпо со мајсторија донесе изедначување и нова енергија на „Енфилд Роуд“.

Домаќините во 70 минута добија пенал по играта со рака на Де Лихт, пенал кој го искористи Салах за комплетен пресврт. „Црвените ѓаволи“ не се откажаа, покажаа карактер и во 80 минута дојдоа до 2-2 со голот на Диало.

Потоа на двете страни имаше шанса за трет гол и победа, ама не дојде до реализација.

Ливерпул има 46 бода на врвот, Јунајтед со 23 е на 13 позиција на премиерлигашката табела.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни