Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Супер дерби кое буди убави спомени во осминафиналето од Лигата на шампионите

Објавено

на

Денеска во Нион беше извршена ждрепката за осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите.

Иако можеше да видиме неколку супер дерби натпревари уште во раната фаза од елиминациите во Лигата на шампионите, тоа нема да се случи и ќе видиме само две големи дерби пресметки.

Барселона ќе се соочи со тимот на ПСЖ во натпревар кој е посочен како најголемо дерби во осминафиналето од Лигата на шампионите, а се очекува големо внимание да привлече и пресметката помеѓу Атлетико Мадрид и Челси.

Актуелниот бранител на титулата, Баерн Минхен за противник го доби тимот на Лацио, додека пак  Ливерпул ќе се сретне со тимот кој го елиминира Манчестер Јунајтед од групната фаза, Ред Бул Лајпциг.

Осминафинални двојки во Лигата на шампионите:

Борусија Мехенгладбах- Манчестер Сити

Лацио- Баерн Минхен

Атлетико Мадрид- Челси

РБ Лајпциг- Ливерпул

Порто- Јувентус

Севилја- Борусија Дортмунд

Барселона- ПСЖ

Аталанта- Реал Мадрид

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни