Поврзете се со нас

Европски првенства

Сунес со жестоки критики за тактиката на елиминираната Шкотска

Објавено

на

Шкотска го загуби директниот дуел со Хрватска за место во осминафиналето на Европското првенство, а навивачите не можат да бидат презадоволни од изданието на своите миленици во Глазгов.

Поразот очигледно е поболен поради послабата игра на избраниците на Стив Кларк, кој доби жестоки критики од шкотската легенда Греем Сунес.

– Посакував нешто да променат во второто полувреме. Очигледно е дека планот од првиот дел не функционираше, потребен беше еден играч за врска повеќе на теренот за да освои поголем посед на топката.

– Често се обидувавме да играме со долги топки, така да го пронајдеме Дајкс, тоа е фудбал од минатото и направи да изгледаме како репрезентација која игра некој демоде фудбал.

– Јасно ми е дека работите може да тргнат во лоша насока, но не можам да сфатам да не промените ништо поради тоа во продолжение. Резултатот не е изненадување бидејќи Хрватска е квалитетна репрезентација, – изјавил Сунес кој е разочаран од елиминацијата на својата репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни