Поврзете се со нас

Англија

Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и сегашен стручен аналитичар на состојбите во фудбалот за „Скај Спортс“, Грем Сунес говореше за случувањата поврзани со Европската Супер лига која како што стојат работите нема да го види светлото на денот.

Сунес од студиото на „Скај Спортс“ ги нападна првите луѓе на сите шест клубови кои првично пуштија рака за формирање на Европската Супер лига за потоа да се премислат и да се откажат од таквото натпреварување.

На поранешниот фудбалер на Ливерпул го погоди тоа што челниците на  клубовите девет месеци разговарале со своите колеги од другите премиерлигашки клубови и се договарале за следната сезона и тоа што ќе се случува во Премиер лигата, без притоа да кажат дека зад грб преговараат за формирање нова лига.

– Кога ќе размислите за овие средби кои биле редовни, да речеме дека биле девет месеци. Па во девет месеци овие шест лица седеле на состанок со останатите директори и зборувале за тоа што би се случувало следната сезона. Девет месеци тие играле двојна игра знаејќи дека следната сезона нема да бидат во игра. Тоа е срамно. Како ќе ја поправат ситуацијата? Како ќе се појават повторно на ваквите состаноци и ќе бидат сфатени сериозно? Ед Вудвард е само почетокот, многу од нив треба да се повлечат од функциите, -изјави Сунес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни