Поврзете се со нас

Светски првенства

Сунес посочи кој играч може да и донесе титула на Англија на СП

Објавено

на

Англија долго време нема освоено пехар на најголемите фудбалски настани, а нова шанса тоа да го направи ќе има на Светското првенство во Катар кое е на програмата во ноември и декември.

Англиската јавност и оваа година има високи очекувања затоа што веруваат дека има тим кој може да го повтори успехот на славјата генерација од 1966 година која успеа да го крене мундијалскиот трофеј.

Грем Сунес не е Англичанец, ама многу добро го познава фудбалот на островото, квалитетот, потенцијалот, знаењето на „гордиот албион“ кој според него може да стигне до пехарот во Катар под услов да блеска напаѓачот Хари Кејн.

-Јас сум голем фан на Хари Кејн. Мислам дека надежите на Англија за Светското првенство зависат од тоа дека Кејн ќе има многу добро СП. Ако Кејн има навистина добро СП, Англија би можела да го освои. Тој е играч од светска класа. Тој е некој што да влезе во било кој тим и тој е единствениот од единаесетката што ја составив што може да го направи тоа во моментов, -рече Сунес кој во тимот на Англија за премиерата со Иран покрај Кејн ги стави Пикфорд, Стоунс, Вокер, Даер, Чилвел, Рис Џејмс, Белингем, Рајс, Фоден и Стерлинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни