Поврзете се со нас

Англија

Сунес: Не знаете ништо за фудбалот ако мислите дека голот на Гордон е регуларен

Објавено

на

Греем Сунес во својата последна колумна застана во одбрана на Микел Артета, тврдејќи дека новинарите ја испровоцирале неговата жестока изјава поврзана со спорниот гол на Њукасл, кој според него требало да биде поништен.

Шкотската легенда е еден од ретките стручни коментатори кои застанаа на страната на Арсенал во оваа ситуација, иако за најголем дел од фановите на „топчиите“, судиската и ВАР одлуката за решавачкиот гол на дербито е срамна и неприфатлива.

– Мора да кажам дека го разбирам Артета во однос на изјавата дадена по натпреварот, сум бил на неговото место.

– Одлуката на судиите за голот на Гордон е целосно погрешна за секој оној што разбира барем малку фудбал.

– Некој ќе каже дека Артета го изневерил клубот поради упатените зборови, затоа што Арсенал има одредена репутација, но јас не гледам на тоа на таков начин. Точно е дека Арсенал секогаш бил на одредено ниво и одржувал класа, но факт е и дека не можете да очекувате Артета толку кратко време по натпреварот да делува студено и смирено.

– Габриел беше турнат и затоа не можеше да ја удри топката, тоа го разбира секој кој играл фудбал. Но, се разбира тие што се во ВАР собата никогаш не играле, па не ни можат да ги разберат снимките што ги гледаат, – вели Сунес во дел од колумната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни