Поврзете се со нас

Англија

Сунес не го разбира потегот на Јунајтед: Рангник си обезбеди убави пензионерски денови

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Греем Сунес не е позитивно настроен кон потегот на Манчестер Јунајтед да го постави Ралф Рангник во улога на привремен менаџер.

Сунес смета дека на Јунајтед му треба експресен рестарт, а Рангник не е човек за таква задача.

– Ова е трет привремен менаџер по заминување на Алекс Фергусон, навистина не разбирам.

– Си-вито на Рангник не е импресивно, мислам дека има освоено само еден трофеј. Неговиот талент ќе се почувствува, тој ќе влијае на подобрување на структурата и организацијата, но резултатите од тоа ќе се чувствуваат по пет или десет години.

– Но, на Јунајтед му требаат промени и резултати веднаш, факт е дека Солскјер не го извади најдоброто од квалитетниот состав и затоа е потребен човек чија рака ќе се почувствува.

– Дали овој човек кој не работел во Премиер лигата ќе успее во тоа? Не верувам. Ова ќе бидат убави пензионерски денови за Рангник, навистина е среќен да добие ваква работа на 63-годишна возраст, – изјавил Сунес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни