Поврзете се со нас

Англија

Сунес му се исмева на Јунајтед за заминувањето на еден фудбалер: Некој во клубот треба да подигне рака….

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Манчестер Јунајтед донесе неколку нови фудбалери во летниот преоден рок, но за да реализира дел од истите, мораше да жртвува еден играч од првиот тим и да го продаде во самата завршница од преодниот рок.

Конечната одлука падна на Скот МекТомини, а бидејќи Шкотланѓанецот почна да го презентира сиот свој потенцијал во Италија, многумина веќе во повеќе наврати ја доведоа во прашање ужасната одлука на менаџментот на Јунајтед.

Последен во низата на слични ставови се јави и легендарниот Грем Сунес, кој иако гледа од перспектива на легенда на Ливерпул, смета дека трансферот на МекТомини е само доказ за ужасната политика која ја тера клубот од заминувањето на Сер Алекс Фергусон.

– Сигурен сум дека сите во Манчестер Јунајтед сега жалат за продажбата на МекТомини. Тој е фантастичен модерен фудбалер, енергетски извонреден кој може да игра во двата правци. Има 27 години и воопшто не го оптеретуваше буџетот на Јунајтед, не знам кој беше доволно „паметен“ да го ослободи и да го пушти во Наполи за само 25 милиони фунти.

– Јунајтед плати 58 милиони фунти за 30-годишниит Касемиро, му обезбедија плата од 370 илјади фунти неделно, а платија уште 42 милиони фунти за Угарте. Вкупно гледано, за тие два трансфери потрошија 100 милиони фунти. Некој во Јунајтед треба да подигне рака и да каже „јас сум виновен“. Потегот со МекТомини беше ужасен, можеби во клубот сега разгледуваат опција да го вратат назад за одредна сума на пари, – саркастично порачува Сунес во интервјуто за „Дејли мејл“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни