Сунес го посочи виновникот за ремито на Челси со Лестер: И минатата недела поради него беа постигнати два гола..

sunes-1

Френк Лампард ќе почека на првата официјална победа како предводник на Челси откако во 2. коло од англиската Премиер лига ремизираше (1:1) со тимот на Лестер.

Грем Сунес го посочи искусниот Цезар Аспиликуета како главен виновник за тоа што Челси има очаен старт на сезоната.

– Аспиликуета беше брилијантен одбранбен играч за Челси, но не знаеше дека Ндиди е тука за да постигне гол. Тој само си ја гледаше топката. Погледна преку неговото десно рамо и само застана. Поради него минатата недела беа постигнати два гола, а поради него падна и овој гол против Лестер, -истакна Сунес.

Facebook Коментари