Поврзете се со нас

Англија

Сунес го именуваше најдобриот играч во Ливерпул и изненади со изборот

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Арне Слот успеа да направи своевидна машинерија од Ливерпул која изгледа непогрешливо во Премиер лигата, па пред самата завршница од сезоната, „црвените“ влегуваат како главни фаворити за освојување на титулата.

Холандскиот стручњак успеа да ја продолжи добрата работа на Јирген Клоп и го сложи коцките на најдобар можен начин, и тоа со тим во кој речиси и да не се инвестираше во минатиот летен преоден рок.

Слот успеа да го извлече најдоброто од истите играчи кои беа дел од тимот и минатата сезона, но легендарниот Грем Сунес смета дека еден фудбалер посебно се извојува од останатите кога е напредокот во прашање, а тоа е Алексис МекАлистер.

Живата легенда на Ливерпул го посочи Аргентинецот како најдобар играч на Ливерпул оваа сезона, ставајќи го скалило над Салах, Диаз и Ван Дајк.

– Лесно е да се посочи Салах како најдобар поради креативноста и головите, лесно е да се пофали Диаз поради брзината и енергијата, или да се поздрави Ван Дајк поради елеганцијата и цврстината. Сепак, јас оваа сезона бирам еден друг играч на Ливерпул, а тоа е Алекси МекАлистер.

– Долго време сметам дека најдобрите играчи доаѓаат од Аргентина, а тој само ми го потврди тоа. Многумина велеа дека игра бидејќи е како „син“ на Клоп, но сега мислам дека е посакуван од било кој менаџер. Убеден сум дека Слот нема потреба да зборува премногу со него, тој е храбар, полн со самодоверба и со голем апетит да трча многу километри за тимот. Јас сум огромен фан на Алексис, 35-те милиони кои ги вложи Ливерпул за него сега изгледаа како смешка во денешно време, – вели Сунес.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни