Англија
Сунес: Фернандеш ги уништува играчите на Јунајтед
Манчестер Јунајтед не може да крене глава, да фати победнички ритам и форма и по доаѓањето на новиот тренер Рубен Аморим кој засега се мачи да ги пренесе своите идеи кои одлично функционираа и даваа резултат во Спортинг Лисабон.
Меѓутоа Спортинг е една, а Јунајтед сосема друга приказна и ниво со тоа што во целата оваа приказна не му помагаат ниту играчите со своите потези, глупости како онаа на капитенот Бруно Фернандеш кој против Вулверхемптон заработи црвен картон што можеше да се избегне, ситуација која домаќините во продолжението ја искористија и дојдоа до победа од 2-0.
Многу повеќе се очекува од Фернандеш, па легендарниот Грем Сунес испрати критики за португалскиот репрезентативец.
-Од неговото однесување кога играта не оди добро до постојано кревање на рацете во воздух, кревање раменици на соиграчите – и ја носи капитенската лента. Сакате вашиот капитен, вашиот лидер, да биде пример за сите во таа соблекувална, затоа го бирате за свој капитен затоа што тој води со пример. Каков пример им дава на Коби Мејну, Амад Диало и Алехандро Гарначо, млади играчи кои се пробиваат во играта?
-Мислам дека тој стана обврска за Манчестер Јунајтед. Тој има несомнен талент и ќе мисли дека треба да игра за најдобрите тимови, но не е така и покажува негативност што ќе биде штетна за оние околу него – како со исклучувањето против Вулверхемптон, -порача Сунес за „Дејли Мејл“ и додаде:
-Никогаш нема да ја извадам сликата од мојата глава за тоа како тој реагираше на трите гола негатива во Ливерпул кога Манчестер Јунајтед загуби со 7-0 на „Енфилд“. Тој само го фрли пешкирот, шетајќи наоколу покажувајќи со прсти кон соиграчите, кревајќи раменици. За старите што го читаат ова, ќе ја цитирам песната на Били Оушн: „Кога ќе стане тешко, тешкото доаѓа“. Ама не и Фернандеш.
-Неговите постапки на Енфилд ми покажаа каде е неговата ментална цврстина, никаде. И тоа е мојата поента, само да се има способност не е доволно за да се биде врвен играч, тој треба да покаже ментална цврстина, дисциплина и работоспособност кога се борите против тоа и секако тоа е Јунајтед во моментов, -заврши Сунес.
-
Италија18 часа
Второто зимско засилување за Мота пристигнува од редовите на ПСЖ
-
АТП17 часа
Медведев со лудачка изјава за својот ривал: Ако продолжи да игра вака, ќе има многу пари и жени во животот (Видео)
-
Европски првенства21 час
Важно предупредување за македонската „Фаланга“: Не смеат да го внесуваат знамето од Кутлеш во салата во Вараждин (Фото)
-
Шпанија21 час
Ханси Флик опомена еден играч кој не добива шанса: Не е истиот после повредата
-
Англија16 часа
Селс правеше чуда на голот, Ливерпул вторпат не успеа да го победи Нотингем (Видео)
-
Шпанија22 часа
Шпанската полиција уапси фудбалер на Севилја: Намерно добивал жолти картони, му се заканува и затворска казна
-
АТП20 часа
Ѓоковиќ: Испраќањето на Надал беше некоректно, жалам што не бев до него
-
Англија17 часа
Сити прокоцка „добиен меч“, Џејмс го спаси Челси со мајсторија во 95. минута (Видео)