Поврзете се со нас

Шпанија

Сума од која боли глава: Мбапе ќе добие неверојатен бонус за потписот за Реал!

Објавено

на

Францускиот напаѓач, Килијан Мбапе става крај на својата етапа во Пари Сен Жермен и од наредната сезона ќе го гледаме во нова средина и во нова држава.

Тој веќе го известил ПСЖ дека си заминува летово или по истекот на договорот, разговор во кој не открил во кој клуб ќе се пресели, но тоа е веќе јавна тајна, голем број на респектанилни медиуми, новинари веќе потврдија и пренесоа дека тоа е Реал Мадрид.

„Кралевите“ нема да плати ниту едно евро за ѕвездата, меѓутоа Мбапе дефинитивно добро ќе го наплати овој потегот, изборот да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Според шпанската радио станица „Копе“, Килијан ќе добие неверојатен бонус од 120-150 милиони евра во периодот од пет години колку што и ќе му биде договорот со најтрофејниот тим во ЛШ.

Ако на ова се додаде дека тој ќе биде и најплатен играч во новиот тим, плус голем дел од маркетиншките права што значи дека ѕвездата на „триколорите“ добро ќе го наплати трансферот во Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни