Поврзете се со нас

Германија

Суле откако ослабе десет килограми: Бев во ургентна ситуација

Објавено

на

Foto:x.com/BVB

Никлас Суле имашее интензивни три месеци и мораше да работи напорно за да се врати во форма, бидејќи неговиот изглед пред финалето во Лигата на шампионите ги фрапираше фудбалските фанови.

Поранешниот германски репрезентативец се појави со значителен вишок на килограми и не изгледаше како професионалец во подготовките за финалето против Реал Мадрид, на кое очекувано не доби никаква шанса од Един Терзиќ.

По крајот на сезоната, Суле доби и ултиматум од водечките луѓе на Борусија за својот изглед, а тоа резултираше со извонредна трансформација, која сега прави да има многу поголема самодоверба.

– Ова беше најтешкото лето во мојот живот, но беше ургентно да направам голема промена. Морав да направам крупни промени после сезоната од која не бев лично задоволен.

– По крајот на сезоната, имав жесток состанок со мојот агент, со Себастијан Кел и со Ханс Јоаким Вацке. Сериозно ја сфатив работата и на крајот се зависеше од мене. Сфатив дека не треба да направам нешто за било кого, туку само за себе. Сега целта ми е да направам нова верзија на Суле, сега сум ментално и физички на посакувано ниво. Сега сум во фаза во која повторно можам да напаѓам, – изјави Суле откако ослабна десетина килограми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни