Свет
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите

Главни промотори на Суперлигата се Флорентино Перез, Жоан Лапорта и Андреа Ањели, па иако не добија поддршка од останатите претседатели кои потклекнаа под притисокот на УЕФА и ФИФА, основачите на Суперлигата денеска добија уште една битка во шпанската престолнина.
Независниот суд во Мадрид донесе одлука во корист на Суперлигашите и отворено ја нападна УЕФА за својот монопол, образложувајќи дека не може да се заканува и да бара казни во ситуација кога се однесува како тело кое сака да има гарантиран монопол во фудбалот.
Тројцата судии во Мадрид ја отфрлиле жалбата на УЕФА и пресудиле во корист на Суперлигата, што значи дека клубовите кои се за Суперлига не можат и не смеат да добијат казни поради тоа што сакаат да основаат друго натпреварување кое ќе биде независно од УЕФА и ФИФА.
– УЕФА и ФИФА не можат да го оправдаат своето антиконкурентско однесување како да се единствените чувари на одредени европски вредности, особено ако тоа треба да послужи како изговор за одржување на монополот од кој не сакаат да се откажат. Изгледа како да сакаат да ја попречуваат иницијативата на оној кој претендира да им биде конкурент (Супер лигата) затоа што тоа им ја нарушува структурата и бизнис моделот.
– Треба да се знае дека надвор од екосистемот на ФИФА и УЕФА, може да се креира независно и професионално фудбалско натпреварување, кое може да биде конкурентно на оние постоечките, – се вели во соопштението.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 22 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 20 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……