Поврзете се со нас

Мото ГП

Судот во Лозана му ја зголеми суспензијата на Андреа Јаноне

Објавено

на

Италијанската Мото ГП ѕвезда Андреа Јаноне, заработи четиригодишна суспензија од Спортскиот арбитражен суд во Лозана.

Јаноне беше суспендиран поради позитивен допинг тест, а првично заработи казна од 18 месеци, која сега судот во Лозана му ја зголеми на 48 месеци.

– Андреа Јаноне е санкциониран со забрана за настап во траење од четири години, а за почеток на истиот се смета 17. декември 2019 година, – стои во соопштението на највисоката судска инстанца.

Јаноне настапуваше за Априлија во Мото ГП шампионатот, а имаше позитивен тест по трката за ГН на Малезија минатата година.

Италијанецот тврдеше дека јадел месо преку кое ги внел стероидите, но не успеа да го докаже своето тврдење.

Со оглед на фактот што уште долго нема да биде активен, Јаноне може да го заврши настапот во Мото ГП со досегашната една победа од 2016 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни