Судот му го додели Шефилд Јунајтед на Принцот Абдула

mccabe-abdulah

Саудискиот Принц Абдула Бин Мосад Бин Абдулазиз Ал Сауд ќе биде нов целосен сопственик на премиерлигашот Шефилд Јунајтед.

Високиот Суд донел одлука според која еден од двајцата досегашни сопственици, Кевин МекКејб, треба да му ги продаде 50-те проценти од акциите на Принцот од Саудиска Арабија.

Двете страни имаа сериозен спор кој донекаде го блокираше нормалното функционирање на Шефилд, а одлуката на судот е МекКејб да ги отстапи акциите за само 5 милиони фунти. Сумата е смешна ако се знае приливот од тв права кој го имаат клубовите во Премиер лигата, а МекКејб најави дека размислува да се жали на одлуката.

Facebook Коментари