Поврзете се со нас

Англија

Судот изрече казна за фанот на Арсенал кој му „удри глава“ на Рој Кин

Објавено

на

foto:twitter.com/EmiratesFACup

Скот Лоу е прогласен за виновен во судскиот процес кој се водеше против него за физички напад врз поранешната фудбалска ѕвезда, Рој Кин.

43-годишниот навивач на Арсенал имал близок контакт со Ирецот за време на дербито меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед во септември, а по вербалниот дуел, реализирал удар со глава во лицето на Кин.

Судот проценил дека Лоу намерно го променил исказот во однос на првичниот даден за локалната полиција, па не му ја прифатила одбраната дека ја поставил главата како дефанзивен потег плашејќи се од удар од Кин.

Камерите го уловиле и Лоу како го напушта стадионот порано и тоа по инцидентот во кој го повредил Ирецот, а за што сведочел и Мика Ричардс, кој бил во близина и кој исто така е стручен коментатор на „Скај Спортс“.

Фанот на Арсенал заработил тригодишна забрана за присуство на фудбалските стадиони, ќе треба да одработи 80 неплатени часови во општествено одговорна работа и ќе ги исплати судските трошоци за процесот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни