Поврзете се со нас

Свет

Судот го прогласи за виновен: Бензема го уценувал Валбуена, доби затворска и парична казна

Објавено

на

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензем е осуден на една година условна затворска казна поради учество во уцена на некогашниот колега од националниот тим Метју Валбуена.

Ова е одлуката на судот во Франција кој воедно го санкционираше Бензема и со парична казна од 75.000 евра. Бензема постојано негираше дека бил инвовиран во целиот скандал во кој инволвираните со секс снимка сакале да изнудат пари од Валбуена.

Карим бил тој што му препорачал на Валбуена да ја плати сумата која кримиланците ја барале во оваа ситуација, па сето ова придонесе да биде прогласен за виновен при пресудата која денеска ја соопшти францускиот суд.

Ова значи дека ѕвездата на Реал нема да смее да направи никакво престап во наредната година затоа што во спротивно ќе заврши во затвор. Застапниците на играчот порачаа дека ќе вложат жалба на оваа пресуда, жалба која сметаат дека ќе вроди со плод.

-Ние сме прилично зачудени од оваа пресуда. Потребна е жалба. Тој ќе биде ослободен со оваа жалба, -порачаа адвокатите.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни