Шпанија
Судискиот записник на Сото Градо откри каква казна го чека Мбапе

Килијан Мбапе имаше фудбалско помрачување на гостувањето во Виторија и со ужасен старт ризикуваше да му ја скрши ногата на Антонио Бланко, а иако во прв момент ситуацијата беше окарактеризирана како опасна игра за жолт картон, во продолжение следеше проверка од ВАР.
Судиите во ВАР собата го повикаа Сото Градо да погледне дека има сериозни елементи за исклучување, па после краток преглед, главниот арбитар се врати на теренот и му додели црвен картон на Французинот.
Мбапе наиде на многу критики за невнимателниот потег и доби обвинувања дека намерно одел на ногата на противникот, меѓутоа во негова полза оди тоа што такво нешто не мисли и судијата.
Судискиот записник на Сото Градо оди во корист на ѕвездата на Реал Мадрид, бидејќи главниот арбитар во ниту еден момент не споменува „намерен старт“, нешто што ако беше случај, можеше да му донесе суспензија од 4 до 12 меча.
Во дадениот случај, Сото Градо во својот записник нагласил дека Мбапе добива црвен картон „поради игра со отворена копачка во висина на штитниците на противникот, користејќи прекумерна сила).
Водејќи се по прописите во шпанскиот законик, за вакви судиски записи се добива казна од еден до три натпревари, а очекувањата се Французинот да оди на „ладење“ на натпреварите против Атлетик Билбао и Хетафе.
Ако се остварат најавите, Мбапе ќе биде подготвен за игра за големото „Ел Класико“ дерби во финалето во Копа дел Реј кое е закажано за 26-ти април.
-
Англија23 часа
По Де Брујне заминува уште една клупска легенда: Сити му ја соопштил конечната одлука на важен играч
-
Италија21 час
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
Англија22 часа
Барнли го доби дербито, се враќа во Премиер лигата во пакет со Лидс Јунајтед
-
НБА20 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
НБА10 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија5 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Англија24 часа
Варди им се извини на фановите: Лестер имаше засрамувачка сезона
-
Лига на шампиони8 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…