Лига на шампиони
Судискиот експерт на „Марка“: Голот на Брахим требаше да биде поништен (Видео)

Реал Мадрид се избори за мала предност против Атлетико Мадрид во првата пресметка против градскиот ривал во осминафиналето, и тоа пред се благодарение на генијалноста која ја прикажа Брахим Дијаз во 55-та минута.
Дијаз ја измеша одбраната на Атлетико и мајсторски биеше во спротивниот агол од голот на Јан Облак, но иако станува збор за маестрален гол, истиот предизвика и одредена контроверзија во Шпанија.
Причина за тоа е толкувањето на позицијата на Винисиус Жуниор во дадената ситуација, бидејќи Бразилецот беше првиот фудбалер пред голманот Јан Облак.
Павел Фернандес како судиски експерт на „Марка“ смета дека Винисиус го попречил видикот на Облак и дека требало да биде досуден офсајд, но за разлика од него, легендарниот Итуралде Гонзалес во анализата за „АС“ потенцира дека голот е регуларен и правилна била проценката да не се повикува Турпан во ВАР собата.
– Има позиционен офсајд од Винисиус во голот на Брахим. Винисиус е во офсајд кога Брахим ја шутира топката, бидејќи Бразилецот е на едно ипол метро од Облак. Голманот на Атлетико не го гледа шутот поради тоа што Винисиус е пред него. Немам сомнеж дека ова е офсајд, но вината не е кај судијата, туку кај луѓето во ВАР, – порачува Павел Фернандес.
За разлика од експертот на „Марка“, Итуралде вели дека ситуацијата не треба да се толкува со прикажана „замрзната слика“, бидејќи во реалност Винисиус се движел на другата страна од голот и воопшто не влијаел врз акцијата.
– Зарем ќе почнеме да судиме според замрзнати слики. Винисиус беше во движење и одеше во спротивен правец. Топката не мина ниту блиску до него и одеше во спротивниот агол, таа топка никогаш не можеше да биде одбранете од Облак. Винисиус не му попречи на Облак, замрзнатата слика дава извртен приказ за позицијата на Винисиус. Во ред е да се дебатира на социјалните мрежи, но нема ништо во оваа ситуација, – потенцира Итуралде Гонзалес.
😱 ¡El gol de Brahim debió ser ANULADO!@PavelFdez : "Vinicius está en posición ilegal y en la línea de disparo, a metro y medio de Oblak"
📻https://t.co/NLZYeq0iTi pic.twitter.com/JzhfaDl6Rv
— Radio MARCA (@RadioMARCA) March 4, 2025
-
Репрезентација16 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Свет15 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија16 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 114 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Свет16 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Шпанија15 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Шпанија14 часа
Арда има цврст став за својата иднина: Дојдов во Реал поради две причини
-
Свет15 часа
Малерозен период за Шпанецот: Пред еден месец откри дека се тужи со родителите, сега боледува од туберколоза!