Македонија
Судиската организација при ФФМ доби висока оценка за својата работа и посветеност на развојот на судењето

Стручноста, одговорноста и амбициозниот пристап кон следните предизвици беа препознаени и потврдени од страна на УЕФА.
Судиската организација при ФФМ, изминатата седмица беше подложена на редовна контрола за спроведувањето и реализацијата на обврските од Судиската конвенција на УЕФА. Контролата ја спроведоа претставниците на УЕФА, Катја Сенеси и Леонид Калошин, кои во текот на посетата спроведоа темелна анализа на сите сегменти од функционирањето на судиската организација во рамките на Фудбалската Федерација на Македонија.
Претставниците на УЕФА имаа работна средба со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, кој им ги презентираше визиите и новите методи на работа, генерално во ФФМ, но и со акцент на судиската организација и отпочнувањето на имплементацијата на ВАР системот во македонскиот фудбал.
Средбата беше продуктивна и послужи како можност за размена на мислења и идеи во насока на понатамошно унапредување на судискиот систем, а впечатоците на претставницте од УЕФА беа повеќе од позитивни.
Дополнително, како дел од деталната проверка, беа одржани и одделни интервјуа со повеќе претставници на судиската организација, вклучувајќи го претседателот на Одборот на судии, судиски инструктор, ментор и талент контролор, млад перспективен судија, женски судија, футсал судија, претставници од судискиот оддел и ВАР проектниот лидер. Овие интервјуа овозможија детална евалуација на процесите, стандардите и методолошкиот пристап кој се применува во судењето на натпреварите.
Прелиминарниот извештај кој беше соопштен како заклучок од редовниот надзор беше повеќе од позитивен, што дополнително ја потврдува усогласеноста на Судиската организација со високите судиски стандарди на УЕФА. Претставниците на европската фудбалска куќа истакнаа дека организацијата не само што ги почитува принципите и насоките од Судиската конвенција, туку и дека истата се спроведува на максимално ефикасен, ефективен, координиран, оперативен и продуктивен начин.
Фудбалската федерација на Македонија и Судиската организација остануваат цврсто посветени на континуираниот развој, унапредувањето на стандардите и воведувањето на нови технологии и методологии во судењето.
Крајната цел е фер, транспарентен и квалитетен фудбал во Македонија, во согласност со највисоките меѓународни стандарди.
-
Балкан18 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет21 час
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација20 часа
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет19 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија17 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан15 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)