Поврзете се со нас

Италија

Судиската организација му се извини на Милан за украдената победа против Специја (ВИДЕО)

Објавено

на

Милан претрпе шокантен пораз од Специја од 2-1 во вчерашниот меч во Серија А, меч кој донесе еден контроверзен момент или поточно одлука на главниот судија Марко Сера со која го промени конечниот исход на средбата на „Сан Сиро“.

Се играше судиското продолжение кога при резултат 1-1 Жуниор Месијас ја погоди мрежата на гостите за 2-1, но судијата се реши да не го испочитува непишаното фудбалско правило и не почитуваше предност поточно се одлучи да свирне прекршок над Анте Ребиќ и со тоа да го ибрише голот на домаќините кои секако бурно реагираа.

Неверојатна грешка на судијата: Сера заборави да испочитува предност и му одзема чист гол на Милан! (Видео)

Сера веднаш се извини, ама тоа не помогна во оваа ситуација особено ако се знае дека во последните секудни Специја даде втор гол и освои три бода во Милано.

Тренерот Стефано Пиоли по мечот откри дека Сера им се извинил, а италијанските медиуми пренесуваат дека тоа го направиле и од судиската организација. Ова за Милан дефинитивно е голем минус, чекор наназад во битката за Скудетото, но тренерот Пиоло порача дека вината за овој резултат мора да ја побараат и кај себе.

Пиоли: Ова е голема неправда, но играчите треба да ја поделат вината со судијата (Видео)

Кога е во прашање судијата тој дефинитивно ќе биде на „ладење“ некое време, информациите се дека тоа ќе бидат многу повеќе од два натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни