Шпанија
Судиската комисија потврди дека Барселона била оштетена, судијата испратен на „ладење“

Шпанската судиска фудбалска комисија потврди дека Барселона била оштетена на дуелот со Хетафе и тоа во спорниот момент во кој гостите бараа пенал во завршницата на средбата.
Еден од фудбалерите на Хетафе стартуваше над Араухо, но главниот судија и неговите ВАР асистенти решиле дека во акцијата претходно имало играње со рака на Гави, па поради тоа отфрлија опција за доделување пенал за Барса.
Главниот судија Сезар Сото Градо ја прегледуваше снимката и процени дека Гави играл со рака, а тоа ги налути гостите и тренерот Чави Ернандес, кој директно потенцираше дека неговиот тим бил ограбен.
Комисијата проценила дека играњето со рака на Гави било ненамерно затоа што дошло по избиена топка од голема близина, а топката удрила и во неговите гради, па поради тоа Барселона требало да добие пенал.
Судијата Сото Градо е „замрзнат“ за претстојното коло и нема да биде делегиран во Ла Лига.
-
Англијапред 13 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 12 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Светпред 22 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 12 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Балканпред 24 часа
Играчите на Галатасарај подготвиле специјален пенал, Икарди се посрамоти за сите пари (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него