Поврзете се со нас

Италија

Судиската асоцијација призна дека Монца била „ограбена“ против Милан: Две судиски грешки во иста акција (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Неделната програма во Серија А заврши со тесна победа на Интер над екипата на Венеција, но во период кога се затвораше натпреварувачкиот викенд, медиумите ставија голем акцент и на случувањата од пред еден ден.

Милан се врати на победнички патеки со минимален триумф над Монца на „Бриантео“, но пред да постигне гол преку Рајндерс, гостите имаа многу среќа од корекцијата која ја донесоа Ермано Фелисијани и луѓето во ВАР.

Монца постигна водечки гол преку Дани Мота за 1:0, но истиот беше поништен поради сомнителен контакт меѓу Бондо и Тео Ернандес во зачетокот на акцијата.

Повторените снимки покажаа дека станува збор за премал контакт, меѓутоа одлуката беше променета и голот на домаќините беше поништен.

Тренерот Алесандро Неста бесно негодуваше за судискиот критериум по крајот на мечот, а еден ден подоцна, судиската асоцијација преку свој член призна дека домаќините биле оштетени во дадениот случај.

– Главниот судија на натпреварот направи две грешки во истата акција. Првата грешка е тоа што контактот е премногу кревок за да биде санкциониран како фаул, а втора голема грешка е тајмингот. Доколку смета дека е прекршок, требаше да свирне и да ја прекине акцијата. Судијата дозволи да продолжи акцијата, а потоа досуди фаул. Самиот си креираше ваква непријатна ситуација, – порача Еленито Ди Либераторе, член од судиската комисија при италијанскиот фудбал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни