Поврзете се со нас

Италија

Судиската асоцијација објасни зошто кикснала технологијата за автоголот на Милан

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/TorinoFC_1906

Судиските контроверзи се секојдневие на италијанската фудбалска сцена, а во таков стил започна и новата сезона во Серија А.

На натпреварот меѓу Милан и Торино посебно киксираше технологијата за следење на гол линијата, која вообичаено се смета за релевантна и доверлива, но вчера не реагираше соодветно при автоголот на Тиао.

Дефанзивецот на Милан ја внесе целата топка зад гол линијата, судијата не доби таква информација и покажа дека играта треба да продолжи, за подоцна да добие ВАР корекција и да го признае голот во корист на гостите.

Италијанската судиска асоцијација денеска објасни што се случило во спорниот момент.

– Имаше технички проблем со технологијата, вакво нешто се случува првпат.

– Системот детектирал дека целата топка ја минала гол-линијата, но таа информација не е испратена до часовникот и слушалките на главниот судија.

– Според процедурата, во ВАР собата е утврдено што се случило и добивме перфектен резултат, – рекол претставник на асоцијацијата.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни