Поврзете се со нас

Македонија

Судиска комисија: Стојчевски драстично ја оштетил Воска, Струга добила „подарен“ пенал

Објавено

на

foto: ffm.mk

Вчера на фудбалските терени во Македонија се одиграа два заостанати натревари од 15. коло во Првата лига, натпревари на кои победи остварија домашните екипи Силекс и Струга Трим Љум.

Меѓутоа на двета дуели во Кратово и Струга имаше спорни моменти со тоа што на првиот судијата Ндерим Тефику одлично си ја завршил работата и донел исправни одлуки, додека пак Игор Стојчевски драстично ја оштетил Воска Спорт со две одлуки.

Ова се заклучоците на судиска комисија при ФФМ кои ви ги пренесуваме во целост:

На натпреварот Фк.Силекс – Фк.Вардар одигран на 06.12.2023 година, анализирана е ситуацијата од 26 минута.

“Главен судија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Даниел Василевски и Александар Ѓурковски.

26 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:1)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка во 16-сетникот на гостинската екипа, кога сакаше да помине играч на гостинската екипа, гостинскиот играч направи недозволен старт на ногата на противникот без да игра со топката.

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за домашната екипа поради недозволен старт на нога на играч на гостинската екипа над противнички играч.

Главниот судија беше одлично поставен и имаше јасна прегледност на ситуацијата.

На натпреварот  Фк.Струга Трим Лум-Фк.Воска одигран на 06.12.2023 година, анализирани се ситуациите од 90+6 и 90+7 минута.

“Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.

90+6 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)

Играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч пред линијата на 16-сетникот на домашната екипа, играчот на гостите се загради на коректен начин со телото и противничкиот играч кој беше до него се одби од телото и падна, но при паѓањето домашниот играч во својот 16-сетник направи невнимателен и недозволен старт на нозете на играчот на гостинската екипа.

Погрешна одлука на главниот судија што досуди слободен удар за домашната екипа бидејки градењето со тело на гостинскиот играч беше коректно и без недозволено движење од негова страна, во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди пенал за гостинската екипа поради невнимателен и недозволен старт на домашниот играч над противничкиот играч.

90+7 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)

На една топка во 16-сетникот на гостинската екипа која не беше во ничив посед стартуваа два противнички играчи, играчот на домашната екипа прв со глава ја удри топката и дојде до минимален контакт со телото на противнички играч, топката се одби и дојде до друг играч од домашната екипа кој пред себе имаше противнички играч и кога сакаше да го помине играчот, дојде до минимален контакт (не прави движење) со ногата на гостинскиот играч и играчот на домакините падна.

Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал за домашната екипа, бидејки и во двете ситуации контактите беа минимални и недоволни за да се досуди пенал.

Судиска комисија сака да ја извести јавноста за промената на судиите за 15 коло на 1 МФЛ:

–  На натпреварот Фк.Силекс-Фк.Вардар првично делегиран 1 помошен судија беше Мартин Петковски, но на последното 17 коло од 1 МФЛ на натпреварот Фк.Брегалница –Фк.Воска имаше грешка (не сигнализирано офсајд позиција, гол постигнат) и затоа на негово место нов делегиран помошен судија беше Даниел Василевски.

–  На натпреварот Фк.Струга Трим Лум-Фк.Воска првично делегиран главен судија беше Стојан Трпчевски, но на последното 14 коло од  2 МФЛ на натпреварот Фк.Победа –Фк.Пелистер имаше грешка (недосуден пенал) и затоа на негово место нов делегиран судија беше Игор Стојчевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни