Поврзете се со нас

Македонија

Судиска комисија ги анализираше натпреварите во Купот на Македонија, арбитрите одлично си ја завршле работата

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден се играа натпреварите во Купот на Македонија кои донесоа очекувани резултати, односно немаше некое големо изненадување.

Ова значеше дека Судиска комисија при ФФМ ќе има работа, ќе анализира и нивниот заклучок е дека арбитрите донеле вистински одлуки. Имено анализирани се само две средби затоа што на останатите немало спорни ситуации.

СЛОГА ВИНИЦА – БРЕГАЛНИЦА

Судии: Ралевски Благојче, Степановски Петар, Дрнковски Николче и Митревски Владимир

Анализирана е ситуацијата во 27. минута.

Во 27. минута од натпреварот, при центаршут од левата страна, домашен одбранбен играч го оттурнува навалниот играч во сопствениот шеснаесетник. Главниот судија оправдано досуди казнен удар и при тоа не додели опомена. ИСПРАВНА ОДЛУКА на главниот судија, досуден казнен удар за гостинската екипа. Истиот беше реализиран.

ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР

Судии: Младеновски Марјан, Ристоски Климент, Анѓелкоски Јован и Јовчески Дарко

Анализирани се ситуациите во 39. и 68. минута.

Во 39. минута од натпреварот, при еден центаршут од слободен удар, играч на Гостивар кој за цело време пред и по центаршутот се наоѓа во офсајд позиција, стои понапред од претпоследниот играч на гостинската екипа и истиот се придвижува напред и постигнува гол. ИСПРАВНА ОДЛУКА на вториот асистент судија кој рекламираше офсајд позиција и во соработка со главниот судија го поништија погодокот.

Во 68. минута од натпреварот при една мешаница во гостинскиот шеснаесетник, играч на домашаната екипа кој при додавање кон него се наоѓа во офсајд позиција, истиот се активира враќајки се од офсајд и прв стигнува до топка пред одбранбениот играч кој сака да ја избие топката и неспретно го шутира играчот место топката. Судијата свири прекин на играта и во исто време добива информација од првиот асистент дека фаулираниот играч се активирал од офсајд позиција и во соработка донесуваат ИСПРАВНА ОДЛУКА, офсајд за одбранбената екипа.

ОБЈАСНУВАЊЕ: Во иста ситуација ако прво играчот се наоѓа во офсајд позиција, а дури потоа врз него се направи прекршок, се зема првиот прекршок во ситуацијата, а тоа е ОФСАЈД.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни