Поврзете се со нас

АТП

Судијката која беше погодена од Ѓоковиќ не запира тука, ќе го тужи Србинот и бара огромна оштета

Објавено

на

Лаура Кларк стигна во центарот на вниманието на спортската јавност откако беше погодена со топче од страна на Новак Ѓоковиќ.

Американската линиска судијка доби удар од Србинот на Ју-Ес Опен по што тој веднаш беше дисквалификуван од натпреварувањето.

Светскиот тенисер број еден веднаш и се извини на Лаура Кларк, а потоа преку социјалните мрежи упати порака со поддршка кон неа откако неговите фанови ја нападнаа со лавина навреди.

И покрај добрите гестови од страна на Новак, како што пишуваат медиумите во САД, Кларк е подготвена да го тужи Ѓоковиќ за претрпениот страв и поради тоа ќе бара високо обесштетување од првиот светски тенисер.

Со ваквиот потег Кларк дополнително ќе го навлече гневот на фановите на Ѓоковиќ кои сигурно нема да ја остават на мира на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни