Поврзете се со нас

Европски првенства

Судијата Тејлор првпат се исповеда за колапсот на Ериксен: На теренот имаше тројца вистински херои!

Објавено

на

Ентони Тејлор беше главен судија на „Паркен“ кога Кристијан Ериксен падна како покосен на земјата и колабираше среде натпревар на Европското првенство, сцена која никогаш нема да може да ја избрише од својата меморија елитниот арбитар од Англија.

Еден од најдобрите судии во Премиер лигата имаше задача да ја дели правдата на мечот меѓу Данска и Финска, кој за жал најмногу ќе се памети по немилите сцени и беспомошниот пад на Ериксен кој мораше да биде враќан во живот на теренот.

Седум седмици по немилиот настан, Тејлор како главен судија за првпат се огласи на оваа непријатна тема и се исповеда за она што го доживел на теренот, кога како главен за арбитражата на теренот мораше експресно да побара реакција од лекарите.

– Кога видов како паѓа, веднаш ми беше јасно дека е нешто страшно. Кристијан беше сам, не беше опкружен од никого, топката удри во него и гледав во неговите очи додека паѓаше. Го гледав неговото лице и веднаш знаев дека нешто не е во ред. Тоа најмногу ме загрижи. Мојата примарна цел е безбедноста на играчите и веднаш ги повикав лекарите. Вистинските херои од таа ноќ се данскиот капитен Кјаер и двајцата лекари кои први го реанимираа Ериксен на теренот.

– Искрено, не зборував со Ериксен лично после тоа, му испратив порака неколку дена по инцидентот. Зборував со Каспер Шмајхел брзо по крајот на натпреварот и прашав за состојбата на Кристијан. Играчите на Данска имаа зборувано со него и со Каспер зборувавме за неговата состојба. Тој разговор многу ме смири, – открива Тејлор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни