Судијата Скомина ги помеша двајцата дефанзивци на Барса, Пике се најде во улога на прв помошник (Видео)

pike-messi

Барселона синоќа со уверливи 3:0 го совлада Јувентус и ги прокнижи првите три бода во новата сезона во Лигата на шампионите, но ако конечниот резултат во прв момент укажува на тоа дека каталонците немаа никакви проблеми, мора да се признае дека пред првиот гол на Меси во 45-та минута, распоредот на силите беше израмнет на теренот.

Јувентус одлично се закануваше преку контрнапади и имаше неколку сериозни излети во противничката половина, а една таква ситуација во 35-та минута донесе и еден интересен момент. Семедо неправилно сопре една контра на Јувентус и играта беше стопирана, но конфузијата настана кога судијата Скомина ги помеша играчите на теренот, па наместо на десниот бек, тргна жолт картон да му покаже на Умтити. Тука на сцена стапи Пике, кој пак изреагира како прв помошник на Скомина, укажувајќи му дека прекршокот го направил Семедо.

На крајот, судијата му покажа жолт картон на тој што треба, а истовремено му се заблагодари на Пике за асистенцијата.

Facebook Коментари