Поврзете се со нас

Шпанија

Судијата поништи пенал за Селта, Аспас го тресна од земја ВАР мониторот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RCCelta

Селта Виго не успеа да ја победи Севилја на домашен терен, а најголем дел од вината домаќините ја префрлија на судијата Ернандес Ернандес.

По долгото водство на домаќините, Ел-Несири израмни во 84. минута, но длабоко во судиското надополнување на ВАР мониторот се гледаше ситуација во која Селта можеше и според домаќините, требаше да добие пенал.

По прегледот на снимката, судијата одлучи дека немало пенал и ја поништи својата првична одлука, со што ги разбесни домашните фанови, играчите и тренерот Рафаел Бенитес.

Најдалеку отиде Јаго Аспас, кој во тие моменти беше на клупата за резерви и реши да го тресне од земја ВАР мониторот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни