Поврзете се со нас

АТП

Судијата означи добиен гејм за Федерер, нервозниот Ѓоковиќ не можеше да поверува што слуша (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот од Рим доста потешко од тоа што се очекуваше, бидејќи загуби сет во дуелот со Доминик Кепфер.

Мечот не изобилуваше со некои спектакуларни потези, но затоа имаше доста нервоза на теренот, и тоа од страна на светскиот рекет број еден. Новак беше фрустриран во вториот сет кој го загуби и изливот на неговиот бес го плати рекетот, но најдобриот тенисер не беше импресиониран и во ситуација кога главниот судија направи голем гаф.

На стартот на третиот сет, Кепфер со двојна сервис грешка му дозволи на Ноле да поведе со 2:1, но навистина зачудувачки беше тоа што главниот судија означи дека гејмот го добил Федерер.

– Гејм Федерер, – гласеше пораката на главниот судија, а на Ноле очигледно воопшто не му се допадна тоа и беше прилично нервозен кога седна на столчето.

Дадената ситуација е доста тешка за објаснување, уште повеќе ако се знае дека Федерер воопшто не игра во Рим, но нема да настапи ниту до крајот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни