Поврзете се со нас

Шпанија

Судијата Мунуера ја дозна конечната вест за својата иднина, Атлетико распали по Реал

Објавено

на

foto: x.com/Atleti

Хосе Мунуера Монтеро се најде под неверојатно голем притисок во изминатите седум дена и доживеа вистинска голгота по натпреварот меѓу Осасуна и Реал Мадрид, сето тоа како резутлат на поплаките кои ги имаа „кралевите“ по ремито на „Ел Садар“.

Реал го обвини судијата за тенденциозно и пристрасно судење во корист на домаќинот и потоа пристигнаа вести дека неговата фирма е во тесна соработка со Ла Лига и Атлетико Мадрид, па шпанската Федерација отвори специјална истрага против арбитарот, чија иднина како делител на правдата сериозно беше доведена во прашање.

Специјалното тело кое го формираше шпанската Федерација во изминативе неколку дена истражуваше дали спортско-консултантската агенција на Мунуера носи конфликт на интереси, па откако комисијата не открила такво нешто, Хосе денеска беше ратификуван од Ла Лига и беше потврдено дека ќе остане дел од шпанскиот елитен фудбал.

Откако се заврши оваа мини-сага околу шпанскиот арбитар, Атлетико Мадрид како клуб повторно распали по Реал Мадрид, при што побара и казна за иницијаторот на црната кампања.

– Одделот за усогласеност во шпанска фудбалска федерација, исто така, потврди дека нема конфликт на интереси помеѓу активностите на компанијата на Хозе Луис Мунуера Монтеро и неговата работа како судија. Ние од Атлетико Мадрид веруваме дека овој тип на вознемирувачка кампања сериозно го нарушува имиџот на нашиот фудбал и не треба да мине неказнето, – гласи дел од соопштението на Атлетико.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни