Поврзете се со нас

Англија

Судијата му поништи мангупски гол на Езе, па лично му се извинил на англискиот репрезентативец (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/CPFC

Неделната програма во Премиер лигата стартуваше со дуел на Брентфорд и Кристал Палас, натпревар на кој видовме четири гола, од кои три беа запишани во официјалниото записник на судијата.

Домашниот тим на крајот победи со 2:1 и ги запиша првите бодови во новата сезона, а Кристал Палас ќе жали за пропуштените шанси, но и за поништениот гол при резултат 0:0.

Езе постигна мангупски гол од слободен удар и успеа да го матира Флекен, но пред топката да ја затресе мрежата, главниот судија се огласи и досуди фаул во напад.

Самуел Берот премногу лесно досуди фаул во живиот ѕид и се чини дека направи грешка, а тоа му го признал и на англискиот репрезентативец кој доста професионално го прифаќа киксот на судијата.

– Судијата ми порача дека премногу рано дувнал во свирчето и дека направил грешка. Тоа е доволно фер од него, направи човечка грешка и тоа може да се прифати. Како што ми кажа самиот, направи грешка и тоа е тоа. Треба да ја бараме вината кај себе, имавме премногу шанси за гол, особено тоа важи за мене. Одиме понатаму, се гледаме наредното коло, – изјави Езе.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни