Англија
Судијата Мејсон се посрамоти и предизвика неверојатна конфузија на дуелот ВБА-Брајтон (Видео)

Англискиот судија Ли Мејсон повторно се најде во центарот на вниманието, а причина е контроверзната одлука на дуелот меѓу Вест Бромвич Албион и Брајтон од англиската Премиер лига.
При водство на домашниот тим, Брајтон доби слободен удар, капитенот Луис Данк доби дозвола да го изведе, а пред да влезе топката во гол, Мејсон ја поништи својата претходна одлука употребувајќи го своето свирче.
Тоа значеше дека Брајтон остана без гол, Мејсон целосно ја загуби контролата на теренот, па откако гостите протестираа покажа на центарот. Ова предизвика негативни реакции кај домашните фудбалери, по што ситуацијата мораше да се решава со ВАР, а со него беше само потврдено дека судијата свирнал пред топката да влезе во голот и истиот беше поништен.
Ова нормално предизвика лутина кај гостинските фудбалери и нивната клупа, а Мејсон уште еднаш не се прослави, откако сезонава веќе беше дел од неколку контроверзни одлуки, а Нуно Санто јавно изјави дека не е доволно добар судија да биде дел од Премиер лигата.
Денешниот натпревар веројатно не можеше да биде понесреќен за Брајтон, откако оваа екипа не реализираше и два пенала преку Грос и Велбек, па ВБА победи со 1:0.

- Англијапред 22 часа
Летна и првата глава по неуспехот на Супер лигата, навивачите на Манчестер Јунајтед во транс
- Англијапред 23 часа
Позната причината поради која Даниел Леви го отпуштил Жозе Мурињо
- Светпред 23 часа
Европската лига се распадна како кула од карти по само два дена: Вечерва клучен состанок за откажување
- Англијапред 21 час
Сунес со остар коментар: Девет месеци имаа состаноци со другите директори, Вудвард е само почетокот (Видео)
- Италијапред 21 час
Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус
- Лига на шампионипред 21 час
Перез за „Лекип“: Не сме загрижени, ќе го реализираме проектот Супер лига
- Англијапред 19 часа
Официјално: Сите англиски клубови се повлекуваат од Супер лигата
- Англијапред 19 часа
Англиски новинар го сумираше фудбалскиот хаос со шега на сметка на Манчестер Јунајтед