Судијата Мајк Дин ги шокираше фановите на Мидлзброу, Астон Вила обезбеди плејоф (Видео)

mike-dean1

Астон Вила ќе се соочи со Фулам во битката за последното место кое води во Премиер лигата, а откако вечерва одигра без голови против Мидлзброу и ја искористи минималната предност од првата средба.

Она што го одбележи натпреварот меѓу Вила и Мидлзброу беше одлуката на познатиот судија Мајк Дин во завршницата од средбата кога голманот на домаќините, Сем Џонстон играше со раце надвор од шеснаесетникот, спречувајќи чист гол за Мидлзброу. Наместо црвен картон, Дин му покажа само жолт картон на Џонстон, а Даунинг ја погоди пречката од слободниот удар.

Фановите на Мидлзброу со право се лутат бидејќи Астон Вила ќе требаше да се снајде седум-осум минути со фудбалер помалку на теренот.

Facebook Коментари