Судијата кој го исклучи Зидан со признание: Ниту јас, ниту мојот помошник не видовме што се случи, но имав „ангел чувар“!

elizondo-zidane

Аргентинецот Нестор Питана изминатава недела ја доби честа да го суди големото финале на Светското првенство во Русија, а иако наиде на доста притисоци од страна на јавноста, мора да се признае дека имаше далеку полесна задача од неговиот сонародник кој ја делеше правдата на големото мундијалско финале пред 12 години.

Сите добро се сеќавме дека финалето на СП во Германија меѓу Франција и Италија беше одбележано од фамозниот инцидент во кој Зинедин Зидан му удри глава на Марко Матераци, ситуација по која судијата Орасио Елизондо после извесно време му покажа директен црвен картон.

Дванаесет години по незаборавниот момент, Елизондо одлучи да се отвори за спорниот момент, откривајќи дека ниту тој, ниту неговиоте помошници крај аут линиите не виделе што се случило.

– Во еден момент, гледам дека Матераци лежи на тревата на едно 30-40 метри од голот. Си реков, леле, што се случило. Брзо преку врската го прашав Родолфо кој беше мој асистент: „Дарио што се случи“? Изненаден ми одговори, „Орасио не видов ништо“. И, кога си велев дека сум во голем проблем, се појави мојот „ангел чувар“. Мојот „ангел чувар“ има име и презиме, се вика Луис Медина Канталјехо кој беше четврти судија во тоа финале. Орасио, Орасио, јас видов. Зидан ужасно го удри со глава Матераци, – објаснува Елизондо.

Facebook Коментари