Шпанија
Судијата кој го исклучи Белингам под истрага на специјална комисија на шпанската федерација

Шпанскиот судија Хозе Мануел Мунуера Монтеро деновиве е во центарот на вниманието поради одлуката да му додели црвен картон на Џуд Белингам, за што дел од фановите на Реал Мадрид реагирале и со смртни закани на негова адреса.
Мунуера Монтеро ги налути гостинските фанови на дуелот Осасуна-Реал откако детектираше навредливи зборови во репертоарот на Белингам, а засега се уште не е јасно каква казна ќе добие англискиот интернационалец за исклучувањето.
Во меѓувреме, медиумите пренесуваат дека судијата е под истрага на специјална комисија на Шпанската фудбалска федерација, која проверува дали во неговиот ангажман како судија во Ла Лига има конфликт на интереси.
Комисијата утврдила дека Мунуера Монтеро е сопственик на спортско констултантска агенција, чии клиенти се Ла Лига, УЕФА, па и неколку клубови вклучувајќи ги Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и ПСЖ.
Доколку одговорното тело утврди дека судијата има конфликт на интереси, може да биде суспендиран до пет години, а ќе заработи и сериозна парична казна.
-
Лига на шампиони14 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Свет13 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија24 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Германија23 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона
-
Формула 114 часа
Мекларен издоминира во квалификациите за Ф1 трката во Австралија