Шпанија
Судијата кој го исклучи Белингам добива смртни закани

Реал Мадрид не ја победи Осасуна во мечот во кој главната вест беше црвениот картон на англискиот репрезентативец Џуд Белингам.
На Белингам му беше доделен директен црвен картон, а причината за тоа е навредата која му ја испорачал на главниот судија Хосе Луис Мунуера Монтеро. Монтеро тврди дека Џуд го „поздравил“ со “Fuck you” по што одлучил да реагира, додека самиот фудбалер и Реал како клуб истакнуваат дека тоа не се случило, односно дека се работи за недоразбирање, комуникациска грешка.
Во следните денови сигурно ќе се добие појасна слика за целиот случај и дали Англичанецот ќе заработи поголема казна ако се утврди вина, а во меѓувреме според „Мундо Депортиво“, судијата Мунуера Монтеро добива смртни закани кон него и семејство на социјалните мрежи, па арбитарот бил принуден да ги оневозможи коментарите на неговиот Инстаграм профил.
Токму поради ова се очекува Ла Лига да повика на истрага за подобрување на безбедноста на нивните судии оваа недела.
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет24 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија23 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Германија23 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона