Поврзете се со нас

Италија

Судијата кој делеше правда во Неапол делегиран во Серија Б, дербито во Торино доделено на најискусниот

Објавено

на

Италијанските медиуми денеска објавија кои судии се делегирани за новото коло во Серија А, кое ќе донесе две нови дерби пресметки.

Најголемо внимание ќе предизвика соочувањето на Јувентус и Наполи, а главен судија на оваа средба ќе биде искусниот Даниеле Орсато. Ди Паоло ќе биде одговорен во ВАР собата, додека арбитарот кој го водеше натпреварот Сасуоло-Рома (Марсенаро) ќе биде само четврти судија во Торино.

Аталанта го пречекува Милан, а во Бергамо одговорноста ќе ја преземе Ла Пена, додека Марко Ди Бело е делегиран за натпреварот Интер-Удинезе.

Интресно е што Давиде Маса, кој заработи жестоки критики од Наполи за судењето на дербито со Интер, сега ќе мора да се задоволи со дерби во втората лига.

Маса ќе биде главен судија на дуелот меѓу поранешните прволигаши Парма и Палермо, кои ќе имаат соочување во Серија Б.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни