Поврзете се со нас

Англија

Судијата ја призна грешката, менаџерот на Палас го пофали: Тој е добар човек

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/CPFC

Кристал Палас вчера загуби на гостувањето кај Брентфорд, но натпреварот можеби ќе имаше и поинаков тек ако не се случеше една контроверзна одлука на главниот судија.

Сем Берот го поништи голот на Еберечи Езе поради прекршок во напад на еден од соиграчите на англискиот репрезентативец, а потоа не можеше да добие ВАР асистенција и промена на одлуката затоа што свирнал уште додека топката одеше кон голот.

По средбата, Берот му признал на Езе дека направил грешка со избрзаната одлука и фактот што на тој начин го исклучил ВАР од конечниот епилог на спорната ситуација, а поради тој потег судијата заработи комплименти до менаџерот на Палас, Оливер Гласнер.

– Тоа покажува дека тој е добар човек и има добар карактер.

– Не можеме да бараме изговори, грешките се дел од играта. Не знам дека постои некој кој не прави грешки и јас денес направив неколку грешки. Само голем човек може да каже „да, направив грешка“, а ние имавме и други ситуации по кои можевме да постигнеме гол, а реагиравме лошо, – рекол Гласнер.

Судијата му поништи мангупски гол на Езе, па лично му се извинил на англискиот репрезентативец (Видео)

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни