Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Судијата изрежира неверојатна сцена со Халанд по натпреварот, Пеп порача: Никогаш не сум видел вакво нешто! (Видео)

Објавено

на

Ерлинг Халанд беше видно разочаран откако неговата Борусија прими гол во 90-та минута на „Итихад“, но сепак и покрај поразот од 2:1, доста сталожено и професионално го поднесе неуспехот и им честиташе на сите противници пред да се упати кон соблекувалната.

Норвешката ѕвезда имаше една стопроцентна шанса на стартот на вториот дел и беше одлично неутрализиран од голманот Едерсон, но сепак тој стана топ тема во јавноста по крајот на натпреварот, иако тоа не беше по негова вина.

Во моментите кога се упати во тунелот, помошник судијата Октавијан Шовре го застана напаѓачот на Борусија и му побара автограм пред ТВ камерите, нешто што дефинитивно не се памети во Лигата на шампионите.

Оваа сцена наиде на негодување од фудбалските експерти во Англија и Харгривс и Лескот нагласија дека ваквиот потег на судијата е лош пример кон останатите фудбалери, но со оглед на тоа што критиките станаа гласни и на социјалните мрежи, во одбрана на линискиот судија застана Пеп Гвардиола.

– Моите играчи ми кажаа за тоа, можеби судијата е фан на Халанд. Можеби тоа го направи за својот син, или својата ќерка. Немам ништо против тоа. Никогаш не сум видел вакво нешто претходно, но главниот судија и линиските судии завршија коректна работа, имаа одлична вечер. Тоа е се, – порача Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни